СЕ ОТВОРА НОВА dm ДРОГЕРИЈА ВО ШТИП CITY MALL!

Штип, 24.01.2024

  • Големи попусти и изненадувања по повод отворањето на втората дрогерија во Штип!

Во четврток, 26 јануари, во 10 часот наутро ќе се отворат вратите на втората dm дрогерија во Штип CITY MALL, на улица ,,Д-р Слободан Јовановски’’ бр.2.

На денот на отворањето, купувачите ќе можат да уживаат во пазарувањето со:

 -15% попуст на АПСОЛУТНО СЀ, па и на веќе намалените производи

До -50% на одредени парфеми, шминки и подарок сетови (на што дополнително на каса се пресметува попустот од -15% на АПСОЛУТНО СЀ!)

До –35% на одредени органски производи  (на што дополнително на каса се пресметува попустот од -15% на АПСОЛУТНО СЀ!)

Речиси  4.700 dm марка производи со германски квалитет по супер цени

Подароци: Со секоја сметка над 500 денари добивате подарок Balea гел за туширање

Покрај големите попусти кои ќе траат 4 дена (26.1-29.1.2023), на денот на отворањето сите посетители ќе бидат пречекани во супер позитивна атмосфера и забава со DJ.

Како секое отворање на нова dm дрогерија е оплеменето и со хуманитарна активност, општествената одговорност на dm како компанија ни овој пат нема да биде изоставена. Дел од остварениот промет на денот на отворањето ќе биде дониран во ЈЗУ Здравствен дом ,,д-р Панче Караѓозов‘‘- Штип.

Новиот продажен објект на dm ќе биде со вкупна површина од 400,1 m2, од кои 334,64 m2 продажен простор, а 41,80 m2 магацински простор, како и 23,66 m2 помошен простор.

Работното време на оваа дрогерија ќе биде: понеделник до сабота од 10 до 22 часот, а недела од 10 до 20 часот.

Со отворање на овој објект, dm во Македонија е присутен со 23 продажни објекти, од кои 13 во Скопје, по еден продажен објект во Тетово, Велес, Куманово, Битола, Струмица, Гостивар, Охрид и Струга и два продажни објекта во Штип.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе