Систематски прегледи и вакцинација за 80 дечиња

Штип, 26.04.2018

Денеска, по повод Европска недела на имунизацијата, Општина Штип организира систематски преглед и вакцинирање за околу 80 дечиња, од кои 60 од дечињата сместени во просториите на старото Нервно одделение, а 20 дечиња од населба Каваклија.

 „Општина Штип организира бесплатен превоз до Здравствениот дом, за овие дечиња да бидат вакцинирани овде. Предвидено е вакцинирање на вкупно 80 дечиња, од коишто дел се прва смена. Тие дечиња што се прва смена ќе дојдат на систематски преглед и по потреба ќе бидат вакцинирани подоцна во текот на овој ден,“ истакна Беами Шакиров, референт за односи со заедниците при Општина Штип.

Со ова, Општина Штип се вклучува во одбележувањето на Европска недела на имунизација, при што од општината апелираат до сите преку вакцинирање да се спречат болести и да се заштити населението од болести.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе