Сите да се „Напрат Василичари“ – Вевчани подготвено за утрешниот василичарски карневал

Вевчани, 12. јануари 2020

– Сите подготовки се завршени и сите заинтересирани ги покануваме, утре и задутре, понеделник и вторник, да бидат дел од големиот спектакал – светски познатиот, Вевчански карневал што годинава се одржува под мотото „Напрај се Василичар“.

Со ваква покана се обраќа агилниот градоначалник на општина Вевчани Сашо Јанкоски, кој, покрај до гостите и посетителите кои се бројат на десетици илјади, се обраќа и до маскарите.

-Маските се подготвени, но како и секогаш, тие се чуваат во тајност. Василичарите го чекаат 13-ти јануари за конечниот почеток на карневалот стар со милениуми, за да се покажат. Најавуваат многу сатира креативност, но ние, традиционално, не се мешами во тоа. На нас е техничкиот дел од организацијата. Сепак, апелирав, а сега повторувам уште еднаш, маскарите да се воздржат од ликови и креации со кои би навредиле нечии чувства од верска, национална, или етничка природа – вели градоначалникот Јанкоски.

Vevcani 2Манифестацијата, официјално, започнува напладне, со прием кој го приредуваат организаторите, во 12,30 часот. Час подоцна започнува масовната прошетка, додека дефилето на карневалот е од 14 часот. Од 21 часот има богата музичка програма, додека точно на полноќ, измегу 13 и 14 јануари, започнува прославата на Стара Нова Година, со голем огномет.

Годинава очекуваат рекорден број на посетители, многу повеќе од ланските над десетина илјади. Домаќините додаваат дека секоја година бројот се зголемува.

– Рестораните и кафеаните се подготвени за да ги пречекаат илјадниците гости. Неодоливата вевчанска кујна и вкусното вевчанско вино, познатите колбаси – луканци, се само дел од магнетот наречен Вевчани. Вековната традиција и историја на Вевчанци вреди да се почувствува, секој ден, а особено на Вевчанскиот карневал. Сега имаме и нешто сместувачки капацитети, но, секако, недоволно за големиот интерес. Затоа, пак, тука, на дофат, ни се Струга и Охрид така што и од тој аспект, гостите се добредојдени и ќе бидат задоволни како и секогаш, напоменува градоначалникот градоначалникот Јанкоски.

Веле Митаноски

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе