СКОПЈЕ: Пaртијата на пензионери бара да се вклучи во дијалогот за новата методологија за зголемување на пензиите

15.02.2022

Партијата на пензионери (ПП), која е иницијатор на бројни мерки за подобрување на стандардот на пензионерите, изразува заинтересираност и бара вклучување во отворениот дијалог за новата методологија за зголемување на пензиите кој го најави Владата.

-Како партија ја поддржуваме иницијативата на Премиерот Димитар Ковачевски и Владата на Република Северна Македонија за разговор со пензионерските здруженија, надлежните институции и останатите засегнати страни по ова прашање. Уверени сме дека, само на тој начин, може да се  дојде до заедничко решение кое овозможува долгорочно и одржливо зголемување на пензиите, а со тоа и подобрување на животниот стандард на сите пензионери во земјата.

Покрај финансиската поддршка која Владата ја обезбеди, во 2021 година, за пензионерите со ниски примања, како дел од ранливите категории граѓани, ја поздравуваме и подржуваме најавата за доделување еднократен пакет финансиска помош во следниот период на сите пензионери, со цел полесно справување со економската и енергетската криза, се вели во јавната објава на Партијата на пензионери. .

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе