СЛАВЈАНСКИ: Вебинар посветен на Меѓународниот ден на човечки ресурси

Свети Николе, 20.05.2021

Денес професори од Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ земаа учество на вебинар посветен на Меѓународниот ден на човечките ресурси. Вебинарот беше во организација на партнерите на Славјански – Високата школа за безбедност и економика (ВУСИ) од Пловдив, Бугарија и учество земаа професори и експерти од пет држави.

„За нас е задоволство да бидеме домаќини на ваков настан и да ги зајакнеме нашите односи со нашите меѓународни партнери. Се надевам дека наскоро ќе имаме можност да се сретнеме во живо и да работиме заедно за развој на академската заедница “, коментираше г-ѓа Олга Манолова – претседател на Управниот одбор на ВУСИ, која го отвори вебинарот.

Учесници на настанот беа претставници од:

Campus универзитетот од Италија

Грузискиот универзитет Saint Andrew од Грузија

ISMA универзитетот од Латвија

Високата школа за безбедност и економика од Бугарија

Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ од Република Северна Македонија

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе