СЛАВЈАНСКИ: Потпишан Договор за соработка со Висока школа за телекомуникации и пошти од Софија, Бугарија

Свети Николе, 23.11.2019

Денес на Меѓународен Славјански Универзиет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе беше потпишан договор за соработка помеѓу МСУ и Високата школа за телекомуникации и пошти од Софија, Бугарија.

Договорот беше потпишан од ректорката на Високата школа за телекомуникации и пошти, проф. д-р Миглена Темелкова, и од ректорката на МСУ, проф. д-р Ленче Петреска.

svn01_800x533 -Со овој договор двете страни воспоставивме меѓусебна соработка во областа на високото образование и научно-истражувачката дејност. Предвидено е соработката да се остварува преку координирање на напорите на двете образовни институции во насока обезбедување на размена на професори и експерти од практиката за учество во различни курсеви за обука, обезбедување на размена на студенти за различни обуки и практики, создавање на заеднички тимови од професори и научници за развој на заеднички наставни планови и програми за обука, трансфер на знаења и образовни технологии, организирање на заеднички научно-истражувачки проекти, размена на научни бази на податоци, информации и книги и други публикации, заедничка организација на регионални и меѓународни конференции, семинари, работилници и друго, рече ректорката Петреска.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе