СЛАВЈАНСКИ. Студентите Поцков и Глигоров на болницата во Куманов и донираа уред за дезинфекција

Свети Николе, 14.05.2020

Денес ректорката на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, проф. д-р Ленче Петреска, и дипломираните студенти на овој универзитет Ивица Поцков и Никола Глигоров донираа „УВ Гард“ – уред за дезинфекција на површини и воздух од вируси и бактерии – на болницата во Куманово.

„УВ Гард“ – уредот е иновација на Ивица Поцков и Никола Глигоров кои имаат дипломирано на Славјански.

Тие претходно донираа ваков уред во Свети Николе, по што одлучиле ист ваков уред да донираат на болницата во Куманово, како град од кој МСУ „Гаврило Романович Державин“ има многу студенти.

(ј.г.)

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе