Слики од Струмичката ликовна колонија изложени во Штип

Изложба на уметнички слики од годинашнава Струмичка ликовна колонија беше отворена денеска во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип.

Иван Јовев говори за изложените дела
Иван Јовев говори за изложените дела

-Пред штипјани изложуваме 21 дело од колонијата на која учествуваа уметници од девет европски земји. Штип е регионален културен центар кој живее со и за уметноста. Во овој град постои Ликовна академија при УГД, студенти кои студираат ликовна уметност, има наставници по овој вид на уметност, љубители на уметноста, па и поради тој факт цениме дека изложбата ќе има завидна посетеност, рече Иван Јовев, кустос при Цнетарот за култура „Антон Панов“ во Струмица која 54 години ја организира надалеку познатата Струмичка ликовна колонија.

Според Јовев, во сите овие години домашни, европски и светски уметници во Струмица имаат оставено на 2.000 уметнички дела кои не се на продажба.

-Порано слики од колонијата беа давани на стопански организации и институции во градот, тие слики украсуваа голем број деловни и други простори во градот но и во институции надвор од Струмица, а ние нив во најголем дел си ги прибравме и ги сместивме во нашето депо. Наши слики останаа само во јавни институции во кои влегуваа(т) поголем број граѓани со што и самите институции стануваат еден вид мали ликовни салони, посочува Јовев.

Пред 25 години овде било отворено првото мозаично студио со кое започнал да раководи`познатиот академски уметник Газафер Бајрам, академик.

Интересен е податокот дека минатата година на колонијата работеа и двајца уметници од Сибир!
 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе