Солвеј испраќа млади радовишани во Салзбуршкиот оперски камп

Радовиш, 01.06.2017

  • Солвеј, иако странска компанија, покажа голема општествена одговорност со испраќање на наши музички надежи на престижниот Оперски камп за деца и млади во Салзбург, Австрија

Викторија Коцева и Ѓорѓи Стечков, млади луѓе од Радовиш, се избрани од страна на организациониот одбор за музичка стипендија Солвеј и членовите на фондот на Салзбуршкиот музички фестивал да ја претставуваат Република Македонија на Салзбуршкиот оперски камп за деца и младинци.

Радовиш
Радовиш

-Кампот е во организација на Фондот на Салзбуршкиот фестивал во соработка со Виенската филхармонија и со поддршка од Американско-австриската фондација. Истиот ќе се одржи од 5 до 11 август оваа година во  Schloss Arenberg замокот кој е од 19 век и е сместен во рурална област близу до градот  Салзбург, вели Николачјо Николов, заменик генерален директор на рудникот „Бучим“ кај Радовиш, кој рудник е во сопственост на компанијата Солвеј.

Младите радовишани се изборија за привилегијата да ја претставуваат својата држава во Австрија преку учество во процесот  на апликација на програмата „Музичка стипендија Солвеј“. Тие успешно ги поминаа двата елиминациони дела. За овој фестивал аплицираа над 120 деца и млади од Македонија,Украина и Гватемала,а на крајот на само шестмина, по двајца од секоја држава, им беше доделена целосна стипендија во Салзбург.

Победниците ќе престојуваат една недела во замокот Аренберг каде ќе имаат задача да направат оригинална верзија на операта Воцек која се изведува на фестивалот. Притоа, тие ќе работата со светски познати музички педагози, театарски професионалци, сценски дизајнери и танчери. Тие исто така ќе ја имаат ретката можност да присуствуваат на една од пробите во Grosses Festspielhaus во  Holfstallgasse. На крајот од неделата учесниците ќе ја претстават својата опера пред бројна публика.

-Сакам да истакнам дека Меѓународната програма за музичка стипендија Солвеј за млади креативци на возраст од 14 до 17 години е сопствена иницијатива на Солвеј. Програмата за музичка стипендија Солвеј е креирана и водена од посветеноста на компанијата на младите таленти од економски неразвиени подрачја да им обезбеди пристап до светски најпознатиот фестивал на класична музика  и тие да бидат дел од истиот, вели Николов.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе