„Статуа на слободата“ им донесе прво место на учлениците од ООУ „Ванчо Прќе“-Штип

Штип, 29.06.2017

Во Отешево, од 19-22 овој месец, се одржа Еко камп на кој учествуваа победничките тимови на овогодинешниот награден конкурс „Еко пакет Македонија“ На конкурсот се пријавија и во кампот учествуваа 27 основни училиште со преку 80 уметнички дела изработени од селектирана тетра пак амбалажа. Учениците имаа задача од селектирана амбалажа да изработат некоја од светски познатите знаменитости.

Децата на еко кампот во Отешево
Децата на еко кампот во Отешево

Најголема уметничка инвентивност покажаа учениците од ООУ „Ванчо Прке“-Штип кои ја добија првата награда за нивната уметничка креација на Статуата на слободата во Њујорк, статуа која го симболизира слободниот свет.  Второ место им припадна на основците од ООУ „Свети Кирил и Методиј“-Битола за делото „Таџ Махал“, третата награда за изработка на „Ајфелова кула“, им беше доделено на учениците од ООУ „Васил Главинов“, Велес…Во категорија за најкреативен пристап најуспешни беа учениците од ООУ „Тоде Хаџи Тефов“ од Кавадарци за „Пирамиди“ а во категорија уметничко дело кое најсоодветно ја пренесува темата наградата „Светилникот во Александрија“ им припадна на основците од ООУ „Св. Климент Охридски“ од Македонски Брод.

На Еко кампот учениците и наставниците-ментори преку интерактивни игри и предавања учеа за важноста и начините на селекција на отпад, процесот на рециклирање и заштитата на животната средина. Посебно внимание беше посветено на реупотребата на Тетра пак амбалажата како отпад кој учениците целата учебна година го селектираа во своите училишта.

Проектот Еко пакет се реализира веќе единаесет години во мрежата на еко училишта во Словенија, Хрватска и Србија, а од учебната 2014/2015 година за првпат се реализира и во Македонија. Проектот е наменет за развивање на свеста и значењето на одговорното однесување кај децата, учениците, всопитувачите, наставниците и родителите, преку собирање, селектирање, одвојување и отстранување на картонот од употребената Тетра Пак амбалажа од млекото, јогуртот и соковите.

 

 

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе