Стефан Миленковиќ: Охрид е прекрасен, уникатен и единствен – многу повеќе од само култура и фестивал

Со Охрид и Охридско лето ме врзуваат спомени уште од детството. За мене тоа се многу повеќе од само култура и фестивал. Тие се составен дел на мојот живот.

Вака ја започна прес конференцијата, големиот вируоз на виолина со светско реноме, Стефан Миленковиќ од Србија, кој, вечер,  во  Света Софија, ќе одржи концерт во рамките на фестивалот „Охридско лето“ заедно со неговиот колега, пијанистот Владимир Милошевиќ.

b02-Подобро од ова не треба и да се бара. Прекрасна сцени, посебно Света Софија и Антички театар. Врвна фестивалска програма, на која и ние ќе се надоврзиме со концепт кој одговара на летната атмосфера, вели Миленквиќ.

За неговиот музички содружник, Владимир Милошевиќ, кој бил на Охридско лето, но за прв пат е заедно со Миленковиќ, фестивалот во Охрид е најдобриот на овој дел од светот. Охрид е мека за љубителите на уметноста, за мене е чест да настапам во Охрид, додава Милошевиќ.

„Охрид е прекрасен. Не сум знаел дека е толку уникатен  и единствен, едноставно  сум  воодушевен“, рече   познатиот виртуоз на виолина  Стефан Миленковиќ од Србија , при неговата прошетка  низ градот со професионален туристички водич.

На Миленковиќ и  Милошевиќ, организаторите им овозможија да го разгледаат културно-историското богатство  во старото градско јадро.

b03– Многупати сум бил во Охрид , сум настапувал на концерти,  но никогаш не сум имал прилика да прошетам и да ги слушнам овие факти за 365-те цркви, за првиот карантин во Европа, за најстариот музеј и универзитет пред Болоња, за светите Климент и Наум. Среќен сум што имав ваква прилика овозможена од фестивалот „Охридско лето“,  рече Миленковиќ.

-И јас сум бил во Охрид , но никогаш не сум прошетал со професионален туристички водич. Ова е прекрасна можност да се зазпознае културата, традицијата и историјата на овој толку посебен, прекрасен град. Пресреќен сум што имав ваква можност, рече Милошевиќ.

Со голем интерес двајцата врвни музичари ја слушнаа и вековната приказна за охридските бисери од семејството Филеви.  Михајло Филев како добар домаќин им подари бисерни манжетни за спомен од Охрид.

-Воодушевен сум од охридските бисери и начинот на нивното производство. Многу сум благодарен за овој подарок и секаде ќе раскажувам за гостопримството во Охрид, рече Миленковиќ.

Веле Митаноски

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе