Студенти по медицина им ги мераа притисок и шекерот на штипјани

Штип, 27.03.2019

Штипјани денес имаа убава можност да си го проверат крвниот притисок и нивото на шекерот во крвта.

Студентите по општа медицина Благојче Дишовски, кој е на петта година и Бајрам Ибески втора година, и двајцата од Прилеп, уште во 8,30 часот беа пред Домот на култура канејќи ги минувачите да им направат основен и бесплатен преглед на крвниот притисок и на присуството на шекерот во крвта.

studenti medicina 1_800x600-Требаше со мерењата да отпочнеме во 9 часот но половина час порано луѓето бараа да им ја направиме таа проверка. Се разбира не одбивме, напротив и нам ни беше задоволство што на ваков начин можеме да им помогнеме на штипјани, ни рече Дишовски.

Дишовски и Ибески, на кои подоцна им се приклучија и други студенти од факултетот по медицински науки, велат дека по завршувањето на факултетот среќата прво ќе си ја побарат дома, зашто сакаат да се грижат за здравјето на нашите граѓани.

И оваа активност е во рамките на одбележувањето на патрониот празник на Универзитетот „Гоце Делчев“ кој денес ја слави својата 12 годишнина од основањето. По овој повод во 12 часот, во големата сала на Домот на клтура „Ацо Шопов“ ќе се одржи голема свеченост на која ќе говорат академик проф.д-р Блажо Боев, ректор и премиерот Зоран Заев.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе