СУГАРЕВСКИ: над 300 милиони евра за патишта во источниот и југоисточниот регион

Штип 5 Април 2018

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Агенцијата за државни патишта, Зоран Китанов денес беа во обиколка на новиот пат во изградба Штип-Кочани. Тие го изразија своето задоволство од интензитетот на изградбата но и од решавањето на горливите проблеми.

„Далноводи на МЕПСО, археолошки локалитети, асфалтна база на кинески Синохидро кој го гради автопатот Миладиновци-Штип,  се дел од пречките кои се наоѓаат на експресниот пат Штип-Кочани.  Во изминатите пет  месеци дел од овие проблеми се надминати при што  е извршено трасирањето на 20 проценти од делницата од Штип до село Крупиште, а над 95 проценти е завршена експропријацијата на земјиштето“, рече Сугаревски.

Premin KrupisteОвој нов патен правец е во должина од 28 километри. Во моментов се работи на делницата од Штип до Крупиште, која е долга 15 километри и во вредност од околу 20 милиони евра. За втората делница која што треба да биде од Крупиште до Кочани, во моментов се одвива тендерска документација, а по завршувањето на таа тендерска документација ќе се отпочни со сите активности. –„Морам да кажам дека на оваа патна насока наидовме на одредени проблеми, сега разговаравме тука и со изведувачите и со надзорот. Се надеваме дека овие проблеми ќе се надминат и очекуваме во најбрз можен период да се интензивира работата на овој експресен пат“, вели Сугарески.

Владата е силно фокусирана на изградбата на патишта во источниот и југоисточниот регион, а се предвидени над 300 милиони евра, кои ќе се инвестираат во нова патна инфраструктура и реконструција на магистралните и регионални патни правци.

Тој истакна дека Владата е силно фокусирана на изградбата на патишта во источниот и југоисточниот регион, а се предвидени над 300 милиони евра, кои ќе се инвестираат во нова патна инфраструктура и реконструција на магистралните и регионални патни правци.

Сугаревски потсети дека освен на овој патен правец интензивно се работи и на автопатот Штип-Миладиновци. Од ден на ден изградбата оди се подобро, па согласно анекс договорот што го имаме со кинески Синохидро се очекува до крајот на септември оваа важна сообраќајница да биде завршена.

Директорот на Агенцијата за државни патишта, Зоран Китанов вели дека проектот за експресниот пат Штип-Кочани има неколку пропусти, но не верува дека овие проблеми во подолг временски рок би ја забавиле изградбата на експресниот пат, бидејќи проблемите ги решаваат експресно.  Тој најави дека за десет дена стартува и официјално изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш, инвестиција од околу 40 милиони евра. Сосема нова е трасата од затворот Штип  до рудникот Бучим, а според градежната компанија која го има добиено тендерот, градежните работи треба да завршат во рок од најмногу три години.

Владата е силно фокусирана на изградбата на патишта во источниот и југоисточниот регион, а се предвидени над 300 милиони евра, кои ќе се инвестираат во нова патна инфраструктура и реконструција на магистралните и регионални патни правци.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе