Третата книга афоризми „Трагачи по парадокси“ во понеделник со промоција пред Белграѓани

Штип, 18.12.2019

Во понедлни, на 23 овој месец, во салонот на Друштвото на писатели на Србија ќе биде промовирана третата книга афоризми „Трагачи по парадокси“ зад која стои потписот на македонскиот афористичар Миле Ѓорѓијоски. Во книгата се опфатени над 2.000 афоризми од 61 автор од 19 држави во светот.

За книгата ќе говорат авторот Ѓорѓијоски, познатиот српски афористичар Александар Чотриќ, Слободан Симиќ, претседател на БАК-Белград и Витомир Теофиловиќ.

Ѓорѓијоски вели дека е во подготовка и четвртата книга од едицијата „Трагачи по парадокси“ во која ќе бидат застапени автори од над сто држави во светот.

Истата вечер, во 19,30 часот, на Коларац, ќе се одржи Новогодишен сатирикон со учество на афористичати од Србија, а нашата држава ќе ја репрезентира Миле Ѓорѓијоски.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе