Три децении подоцна: “Во одбрана на водата и слободата”

Кога ми беше потешко, кога беше поопасно: Тогаш, пред 3 децении, или денеска?

“Коме веровати? На дописникот, или на ЦК СКМ?

“Ипак, дописнику”!!!

Денеска, во Вевчани,  беше полно сеирџии, не ги собираше на сред село, тогаш,пред 3 децении, бев сам.

Буквално сам кога е во прашање македонската медиумска заедница!

26803573_10212830092559587_432802967_nСам, во извештаите за тогашен “Вечер”(колку – толку светлина!?) , сам во извештаите за тогашен Танјуг!

Не бев сам во тогашната југословенска медиумска заедница. Од Белград доагаше Жарковиќ од “Борба”, од Љубљана новинари и активисти на весникот “Младина”.

Доагаше и Јанез Јанша, понекогаш и “Циле-Миле”, за да им каже дека и вечанци се во право, како што им ја делеше и водата од кичевска Студенчица, неколку години подоцна. И тие беа во право (кичевчани) и прилепчани, беа во право, ама малку и власта – беше во право!!!

Слободата и професоналноста имаат цена. И кога бев повикуван во коцкеската зграда (“Це-Ка не може да чека”!?) и кога пешачев со вевчанци до Скопје, како што бев и со кичевчани во Горното село, на изворите на Студенчица, наспроти полицискиот кордон. Колку што се сеќавам, таа ноќ, командуваше, или беше присутен и професорот на ФОН од Лескоец, тогаш специјалец на МВР. Преку Центарот за врски во општина Кичево, тогаш го диктирав првиот извештај од планина.

Слободата и професоналноста имаат и своја сатисфакција. Чувам еден број, од тогаш угледната “Политика”. На долната половина страница, черек-простор извештај од Вевчани, черек-простор официјално соопштениена ЦК СКМ. Најдесно долу во аголот коментар: “А,сада,коме веровати”?”Ипак, дописнику”!!!

Вевчанци во 1987 година, во случајот со водите, си ја одбранија честа, бранејќи го вевчанското врело. Целото државно и полициско раководство го легнаа на плеќи, уште и му подигнаа „споменик“ на сред село, на градското пазарче: легната спомен плоча со нивните изгравирани имиња: „За да ги мокаат магарињата!“ Ете, тоа е Вевчани. Беа обвинети дека не ја даваат водата на „муслиманките да си ги мијат гезојте!“, но тие станаа симбол на отпорот, со месеци беа медиумски хит во поранешна Југославија и на Балканот, ја понесоа македонската демократска пролет.

Секој што и малку сакаше да биде политичар, или јавна личност, патот го водеше преку Вевчани, каде продефилира и целиот дипломатски кор.

До „Вевчанскиот случај“ од 1987 година дојде поради намерата на тогашната власт да ги каптира вевчанските извори, под изговор дека носи вода за жителите од соседното село Октиси, а, всушност, сакаше водата да ја користи за елитната викенд населба Елен Камен, каде што се вилите на тогашните челници на власта. На тоа се спротивставија жителите на Вевчани со поставување на барикади и не дозволија да се постават водоводните цевки. Кулминираше на 7 август 1987 кога интервенираа специјални полициски сили, за првпат во тогашна Југославија, со употреба на „електрични пендреци“!

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе