Убав потег: Бочварски го честиташе Денот на победата над фашизмот

Штип, 09.05.2018

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски направу убав потег честитајќи им го на сите жители на Штип Денот на победата над фашизмот.

„На денешен ден беше победено едно од најголемите зла во современата светска историја. Победата над фашизмот отвори нов период во историјата на Европа и светот. Период на пријателство, соработка и интеграција“, рече во својата честитка Бочварски.

Тој потсети дека за време на Втората Светска војна, Македонија беше на страна на антифашистичката коалиција.

„Создавањето на нашата Република е втемелено во Народноослободителната борба и социјалната револуција. Во таа страотна војна, Македонија во борбата против фашистичките окупатори даде околу 33.000 жртви, меѓу кои се и седумте илјади Евреи кои за време на војната беа депортирани во концентрациониот логор Треблинка. Поради сето ова, Македонија рамноправно со сите останато слободољубиви земји го слави денешниов ден, затоа што победата над фашизмот беше победа и на Македонија како земја која беше на страната на праведните, на страната на оние кои сакаа мир, слобода и разбирање“, напиша во честитка штипскиот градоначалник.

Според него, како што Македонија беше сплотена во антифашистичката борба, така денес е сплотена во мисијата за полноправно членство во ЕУ.

„Денес на Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа оддаваме почит кон минатото и истовремено одлучно чекориме кон иднината и подобар живот за сите. На сите сограѓани им го честитам Денот на победа над фашизмот и им посакувам слобода, мир и благосостојба,“ стои во честитката на градоначалникот Бочварски.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе