Уметничката визија на „Порака“ во среда пред штипјани

 

Штип, 22.11.2016

izlozbaУтре, среда, 23 ноември, во 17 часот во библиотеката ,,Гоце Делчев” ќе се одржи изложба на рачно изработени предмети и цртежи од вредните раце на корисниците на здружението ,,Порака”. Се работи за уметнички визии на лица со посебни потреби и волонтерите од здруженијата ,,Цивитас” и ,,Порака”. Изработките се направени во тек на часовите и работилниците во здружението ,,Порака”.

Ваква изложба ретко се случува и вреди да се посети. Делата ќе бидат продадени по симболична цена со цел собирање на средства за потребите на идните работилници и настани на корисниците на Порака.

 

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе