Универзитетот „Гоце Делчев“ во нов проект со Грција и со Кипар

Штип, 04.12.2017

  • Проектот се однесува на органско ѓубриво – БИО отпад, преку селектирање, сепарација и обработка на отпадот, особено остатоците од храна (органски отпад) и негово претворање во органско ѓубриво во специјални автономни компостерски единици.
М-р Дијана Насева
М-р Дијана Насева

Уште еден успех на Универзитетот „Гоце Делчев“. Негов научен тим, од септември оваа година, започна да работи на проект финансиран од фондовите за развој во Европскиот регион.  Проектот се однесува на органско ѓубриво – БИО отпад, преку селектирање, сепарација и обработка на отпадот, особено остатоците од храна (органски отпад) и негово претворање во органско ѓубриво во специјални автономни компостерски единици.

Овој проект ќе трае 24 месеци и е финансиран од европската комисија по програмата за транснационална соработка Интеррег Балкан – Медитеран 2014 – 2020. Освен УГД партнери во проектот се и Општина Катерини, Грција која е водечки партнер, Општина Пробиштип, Македонија; Општина Јермасоја, Кипар и Технолошкиот институт од Крит.

Станува збор за проект вреден 1.300 000 евра од кои поголемиот дел ќе бидат за имплементација на проектот во Општините – Катерини, Пробиштип и Јермасоја (по околу 270 000 евра) и по околу 80 000 евра за истражувачите од УГД и од институтот

„Станува збор за проект вреден 1.300 000 евра од кои поголемиот дел од средствата ќе бидат за имплементација на проектот во Општините – Катерини, Пробиштип и Јермасоја по околу 270 000 евра и по околу 80 000 евра за истражувачите од УГД и од институтот. Со овие средства тимот ангажиран во проектот најпрво со туристичките и комерцијалните објекти, а потоа и со останатите граѓани ќе работи на селектирањето, сепарацијата и обработката на отпадот, особено остатоците од храна (органски отпад) и негово претворање во органско ѓубриво во специјални автономни компостерски единици. Добробитот покрај моментот со заштитата на околината е и намалувањето на трошоците на објектите, како и на домаќинствата бидејќи ѓубрарината би се плаќала по принципот – плати колку фрлаш.

Од анализите на резултатите добиени во текот на работењето на проектот очекувано е да произлезат и научни трудови кои би помогнале постапките да се пресликаат и во останати општини во државите партнери на проектот и на тој начин да се промени третирањето на отпадот особено тој од органска природа. Според директивата за ѓубрива 98/2008 доста амбициозно се предвидени придобивките од освестувањето за депониите, сепарацијата на отпад, рециклирањет и многу работи треба да се подобрат до 2020 година во Европа, особено на темата цврст отпад“, вели Дијана Насева, м-р по замејоделски науки.

Во месец ноември, годинава, на Универзитет „Гоце Делчев“беше реализирана првата координативна , работна средба на тимовите од Македонија кои управуваат со проектот Биоотпад.

Тимот на Универзитетот претставуван од проектниот менаџер м-р Васко Златковски реферираше за проектот во целина но и за создавање на една групна слика на активностите кои треба да бидат превземени и реализирани од страна на двата тима, од каде ќе произлезе и постигнување на зацртаните цели од проектот и добивање на очекуваните резултати. Проектниот менаџер од Општина Пробиштип – Ирена Бошкова даде увид на динамиката на активностите во општината, а беа разгледани и временските рамки на сите зацртани работни пакети (вкупно 6) до крајот на проектот при што е утврдена и динамика на дејствување на УГД и Општина Пробиштип.

„На овој работен состанок една од најклучните дискусии беше – разработка на прашалник, анкетирање на локално население (Пробиштип и Злетово) и анализа на добиените податоци од соодветните прашалници во врска со системот „Плати колку ќе фрлиш“. Клучна улога во овој работен пакет имаат техничките лица ангажирани во проектот – проф. д-р Горги Димов од УГД и Марјан Михајлов – техничко лице ангажирано од Општина Пробиштип. Според предвидените активности, до крајот на 2017 година би требало да ги имаме и првичните анализи на населението и истите да бидат соодветно објавени, по што ќе уследи набавување на опремата предвидена по проектот и ангажирање на експерти кои ќе вршат обука на населението и на вработените во комуналните претпријатија. Сето тоа со цел добивање на резултати какви што се предвидени уште при самата апликација на BIOWASTE.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе