Утре во Кочани велосипедско дефиле

Кочани, 19.08.2018

Со велосипедско дефиле низ градот, утре, 20 септември, Општина Кочани  и Спортскиот клуб „Тркало“ од ОУ „Раде Кратовче“ ќе го одбележат Светскиот ден без автомобили.

Дефилето „Сите на велосипед“ ќе започне во 11:30 часот, пред зградата на Општина Кочани. Во него е најавено учество на околу 130 учесници, пред сè од основните училишта во Кочани.

Велосипедистите ќе се движат по „Кеј на Револуцијата“,„Теодосија Паунов“ до СОУ„Гошо Викентиев“, каде ќе свртат и по истата улица ќе се движат до кружниот тек,  од каде ќе продолжат по улицата „ВМРО“ и дефилето ќе го завршат во Трговскиот центар.

Со овој настан, учесниците во дефилето сакаат да испратат порака до сите жители на Кочани да користат модели на транспорт што не го загадуваат воздухот и да се определат за здрав начин на живеење.

Во дефилето можат да се вклучат сите заинтересирани граѓани кои сакаат да дадат поддршка на одбележувањето на Светскиот ден без автомобили.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе