УЈП во Охрид организираше семинар: “Предизвици и модернизација на даночниот инспекторат”

Лукаревска: Само со навремен увид, надминување на слабостите во работењето и  нови знаења, ќе дојдеме до позитивни промени

Охрид, 25 март 2018 – Викендов во Охрид, се одржува семинар на тема: „Предизвици и модернизација на даночниот инспекторат“ на кој учествуваат okolu 250  инспектори од Управата за јавни приходи, даночни експерти од УЈП, надворешни експерти и соработници од Јавното обвинителство, Царинската управа и Управата за финансиска полиција.

29664075_10213409062073463_882071275_nНа отворањето на собирот, говореше директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која ја нагласи неопходноста од темелни  реформи, како  кадровски, така  и организациски.

– Заеднички треба да се избориме и да докажеме пред сите дека не сме орган на репресија, дека не сме подложни на никакви притисоци, дека согласно закон ќе ги решаваме проблемите, ќе функционираме праведно, а не селекивно, дека никој нема да го поштедиме ако затајува данок и ако не ги исполнува даночните обврски – потенцираше Лукаревска.

Најавувајќи нов однос кон обврските и граѓаните, Лукаревска рече дека инспекторот е лицето на УЈП и затоа, преку неговата работа и пристап, секој граѓанин прави проценка за ефикасноста, успешноста и професионалноста на УЈП.

Заменик директорот на УЈП, Насер Демири, ги потенцираше стратешките определби и даде осврт на тековните процеси на модернизацијата во УЈП, состојбите со човечкиот капитал, старосната структура и потребата од негување на даночното знаење и искуство во УЈП преку континуирана обука и зајакнување на капацитетите на Даночниот инспекторат, особено поради очекуваниот природен одлив на стручните кадри од УЈП.

Верица Бержецка Крстева – јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје,

Ги презентираше практичните искуства и примената на законските одредби во делот на кривичната постапка, против даночно затајување и соработката со Јавното обвинителство.

На собирот се говореше и за новините во делот на: измените и дополнувањатана Законот за персоналниот данок на доход, специфичности и пренесување на даночна обврска (Reverse charge), примена и ослободување од ДДВ при реализација на проекти финансирани од странски донатори и ИПА фондови, Законот за данок на додадена вредност, фискализацијата, специфичностите и контрола по видови даноци.
Директорите на Царинската управа, Ѓоко Танасоски и  на Управата за Финансиска полиција, Арафат Муареми, согласно своите надлежности, посебно ги нагласија спецификите и важноста на соработката на администрацијата.

Тие ги нагласија новите предизвици со кои се соочуваат, како резултат на брзата глобализација на трговијата и на финансиските системи, што наметнуваат нови очекувања и зедничко делување во борбата против нелегалните финансиски текови, организираниот криминал и даночната евазија.

Соработката помеѓу институциите треба да е насочена кон подобрување на работењето, вклучувајќи го и унапредувањето на капацитетот на човечките ресурси преку вакви семинари кои се предуслов за достигнување на потребните знаења, вештини и професионален развој, но и кон подобрување на постапките, трансферните цени, даночната транспарентност, размената на информации и електронската трговија.

Ваков собир се одржува по пауза од 11 години, а треба да биде редовна практика и традиција, со цел навреме да ги увидиме и признаеме нашите слабости во работењето, и да споделиме нови знаења кои треба да донесат нови позитивни промени – најави директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе