ХОРХЕВИОТ поглед во ретровизор: Ако не сакате до 232 и Мегалос, тогаш назад до амебите!?

Oхрид, 31.05.2018

Пишува: Веле Митаноски
Пишува: Веле Митаноски

Нашиот Прецедател, Хорхе Величествениот – Паљурски, конечно го откри “разумниот компромис”. ,,Јер-пошто Хорхе није одавде!”, нему му е ,,све преко Калемегдана!”, а државата ја води во ќор сокак-управувајќи ја преку сопоглед во ретровозор! А, ,,пошто, а мртва (понекогаш и жива!) уста не говоре’’, тој е само конзистентен и го прави она што го правеле неговите претходници!

ohrid001Ете конечно го слушнавме, она што одавна го очекувавме.Постојбината на Хорхе ќе му ја чува батко Таип од Стамбол,онака како што му го чува синчето и на секои три седмици, ќе му организира ,,економски самити!,,, ,,будуќи’’ да Маја повеќе нема мотиви да го носи, на секои три месеци ,,мумизиран,, во Каиро. Да таму видел и полошо. Таму дел од населението живее и под земја во Градот на гробниците.

ohrid003И, ако Трајкоски не успеа да ја реализира идејата ,,од Охрид и Македонија да направи некропола!,,, а на Бранка му успеа од СДСМ и државата (виа Наташка да направи вилает на Груевци!),тука е Хорхе, политички доследен, на континуитет заветен, конзистентен – наназад, се до амебите!

Тој уште во неделата малку ,,боцна’, со по едно мало ,,торпедче,, кон Заев (седеше до него!) и Димитров, од под сводовите на премудрата ,,Света Софија,,, во Охрид, ама сега од Водно ,,распали,, со сета артилерија.

Повикувајќи се на континуитетот од пред два-три века, на Грците им плесна дека се  ,,лицем свеци-срцем ваци” (онака од устата на Григора Прличев), а потоа им го врати космодискот: Ако не саката да не признаете – наназад,барем до 323-та и Александрос Мегалос, е тогаш, ќе видете кои сме ние: ,,Бевме и  останавме плодоносна гранка на вистинската лоза, на Исус Христос!,,. Гранка која низ вековите ја пренесувала надежта за вечност со Бог. Толку приврзани кон својата црква, што ниту најмоќниот човек на најмоќната империја на 11 век, византискиот император Василиј, не се осмелувал да ја укине. Туку ја потврдил, ја проширил и ја заштитил,,.

ohrid004Така, глаголеше Хорхе, во неделата, на 27. мај, во древниот и прекрасен Охрид, покровителот на  големите торжества од прославата на  многу значајниот и редок јубилеј – 1000 години од основањето на светата Охридска Архиепископија.

Ете,нека пукнат Грците, ама ,,христијанството во Македонија не го донесе ниту Василиј, ниту Самоил, ниту Климент и Наум Охридски, ниту Кирил и Методиј, ниту Јустинијан, ниту Еразмо Охридски Христијанството во Македонија го донесе апостолот Павле. И сето тоа не враќа на стеблото што ги држи сите гранки, од апостолите во првиот век, па се до нас во 21 век. А тоа стебло, таа вистинска лоза е Исус Христос,,.

Aferim be dzoka! Штом тоа  ,,историјата многу јасно го сведочи,,. Така, кажи му на Заев, да не се занесува многу со неговата Водоча (вадиочи и ослепените самуилови војници), затоа што императорот ни даде црква,  ,,но и замена за изгубената Самоилова држава!’’.

Аво таа ,,замена’’ имало народни кујни, сиропиталишта, старечки домови, болници за телото и за душата, или, она што ние денес го нарекуваме социјална и здравствена заштита. Се додека не дојдоа Грчките владици-,,лицем сцеци-срцем ваци!’’

ohrid005То Ѓока: Пред илјада години имало старечки домови во рамките на црквата. А што има денес Ѓока? Што се изгради од хотелот “Парк”, под твоето пенџере во “Горица”, и во што се претвори “Старечкиот дом” во Охрид!?

Така глаголеше таткото на нацијата – Хорхе (Таљат вели-Орхе!), за дедото Стефан – ич муабет и да не правиме. Oдлично се вклопи и наследникот на прославената (со ножот!) Валето, Даријан Сотировски, од  Комисијата за верски заедници: ,,Црквата во Република Македонија има континуитет уште од апостолско време, но е востановена како Архиепископија 1018 година и годинава се одбележува еден цел милениум од постоењето во ранг на Архиепископијa’’.

Се јавија и подруги и со поинакви размислувања ,,бројачи на времетo’’. Д-р Петар Поповски ќе напише: ,,Со кој образ и со кои аргументи ќе излезат челниците на МПЦ на измислената прослава иницирана од сатанистите за некаков 1000 годишен јубилеј на Охридската Црква, кога таков не постои!?

Со слично размислување се јави и охриганецот Жура.

Историјата на историчарите, ама и  во обичната, лаичката јавност, најмалку три други работи, не минаа без коментари.

Прво, прославата личеше на некаква семејна журка во најтесен состав. Претходно беше на сите звона обнародено дека од Софија ќе допатува поглаварот Теофан, лично. Некои од владиците тоа го објаснија со ,,мал раскол,,,неединство во Светиот синод на БПЦ и дека во дворот на посакуваната мајка, тоа наскоро ќе се изменело во ,,распоредот на силите!,,.

Второ, знамињата. Ако световната власт, византискиот император Василиј го ,,препрочита,, од колач во спасител, тогаш и за црквата и познавачите, византиското знаме, она жолтото со двоглавот орел,  не е спорно, доколку нема отстапување од законските одредби. ,,Но, итекако е спорно, спорно е доколку на државното знаме се појавува мотив на христијански крст,,- ќе каже специјално за оваа пригода, колегата Бранко Ѓорѓевски.

– Тоа е дел од источна православна традиција и тоа ја симболизира нашата припадност на источно православие. Може да е спорно тоа што се истакнува на јавни објекти и површини и треба да се види и законското регулирање во однос на ова. Истото може да важи и за истакнатото знаме на МПЦ , која е како организација одвоена од државата, но претпоставувам дека тоа е во контекст на одбележувањето на јубилејот – објаснува Ѓорѓевски.

Станува, имено, збор за таканареченото модифицирано официјално знаме на Република Македонија, со аплицираниот христијански крст,на местото од копјето!? Она што можешеда се допознае  е дека таа ,,направија,, била на монасите од Бигорскиот манастир, дека свештени-црковни лица го вршеле украсувањето, местењето на знамињата на јарболите.

Всушност, покрај монасите, местеле и комуналците од Охрид, така што на столбовите имаше дури 5 знамиња. Општинарите го местеа само градското и државното-без “модификации”!

– Спорно е од причина што државното знаме не може да се надоградува со некакви мотиви, посебно не верски, без оглед за какво чествување се работи. Државното знаме е дефинирано со закон и тоа ги претставува сите граѓани и неприфатливо е да се модификува, посебно не со верски обележја оти со тоа се нарушуваат чувствата на припдници на други религии – на муслиманите, протестантите, на крајот на краиштата , на атеистите. Не знам кое е објаснување за ова од страна на оние кои што ги истакнале знамињата. Тоа е декор со кој се расипува значењето на јубилејот кој го почитуваат сите граѓани во земјава – смета Ѓорѓевски.

Прецедателот зборуваше за “симфонија, согласие помеѓу духовната и световната сфера!”. За него Црквата покрај историска улога има голема општетствена улога.Нејзин предизвик е да биде општествено релевантна. Затоа што “живееме во време кога некои велат дека црквата е анахрона институција која не соодветствува со духот на времето во кое живееме. Време на секуларизација, глобализација, дигитална трансформација, флуидност на идентитетите!”.

– ‘’Република Македонија е секуларна држава. И како секуларна држава ние ја гарантираме фундаменталната човекова слобода на мисла, совест и вера. Но, има еден загрижувачки тренд. Се повеќе секуларни држави во Европа и светот стануваат секуларизирани држави кои се обидуваат да ја истиснат верата од јавниот простор и да ја ограничат на најмалиот можен простор. А тоа е просторот меѓу нашите две уши, држејќи ги притоа нашите усти затворени. Во вакви услови црквата е исправена пред огромна задача. Таа треба да биде гласна совест на општеството и конструктивен критичар на државата.Да биде промотор на социјална правда, квалитетно здравство и воспитание и образование кои се мерило на успешноста на една држава.

Во ера на пост-вистина, Црквата треба да биде столб и тврдина на евангелската вистина. Во време на морален релативизам, Црквата треба бескомпромисно да опстојува на моралните и етичките апсолути. Во период кога се обезвреднува човекот, Црквата треба се стави во заштита на непроценливата вредност и неотуѓивото достоинство на секој човек.

Но, црквата ќе биде општествено релевантна само ако е општествено контра-културна’’.

Така беседеше Прецедателот-покровител, Хорхе Трети-Паљурски!

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе