Цела Македонија на баскет во Делчево

Делчево, 01.07.2019

Во Делчево и летово цела Македонија ќе игра баскет.

Имено, Советот на млади на Општина Делчево и летово ќе организира ноќен турнир во баскет кој ќе се одржи кон во втората половина на овој месец. За таа цел, се повикуваат сите заинтересирани екипи да се пријват за учество најдоцна до 15 јули.

Претседателот на Советот на млади, Никола Тренчевски, истакна дека повеќе детали во врска со организацијата на турнирот ќе бидат соопштени наредниве денови.

– По втор пат во Делчево се организира ноќен турнир во баскет. Лани успеавме да анимираме поголем број млади, имавме екипи од целата држава, вредни награди за најдобрите, а верувам дека оваа година, организациски ќе бидеме уште подобри. Нашата цел е да го збогатиме спортскиот и културниот живот на младите во Делчево во овој летен период, а организацијата на еден ваков турнир го дава сето тоа, дружење, натпреварување и забава за младите, рече Тренчевски.

Заинтересиранит за учество во натпреварувачкиот дел, може да се пријават во архивата на Општина Делчево или лично кај претседателот на Советот на млади, Никола Тренчевски на тел. 07/7741294.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе