Штипската библиотека одбележа 40 години во новата зграда

Штип, 04.05.2018

Националната установа – Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“, Штип, денеска ја одбележа 40 годишнината од фунцкионирањето во новата библиотека изградена и пуштена во употреба на 4 мај 1978 година. Во присуство на голем број почитувачи на библиотекарството, за развојот на библиотечната дејност во Штип говореше Трајче Пиков, кој беше прв директор на библиотеката во новата зграда и нејзин долгогодишен раководител.

„Како библиотечен работник кој талкаше по балканските просториу за да собере литература значајна за Штип, успеав да соберам голем дел од тој материјал и иститот да го донесам на обработка во роднокрајното одделение.  Библиотекарството во Штип е формирана во далечната 1872 година, односно пред 146 години. Тогашниот штипски еснаф ја формира библиотеката за да има каде сиромашните деца да учат и да се стекнуваат со национално чувство“, рече Пиков.

Новата зграда која пред 40 години била една од најмодерните библиотеки во државата, а и сега е во таков ранг,  изготвила персонална библиографија за периодот од 1872 година до 1972 година. –„Издадени се повеќе значајни публикации, поголем број библиографии на истакнати личности од Штип. Во библиотеката се промовирани безброј книги, се одржани голем број литературни читања, изложби, промоции на книги…Оваа библотека е прва во државата која формира роднокрајно одделение и која отвори подвижна библиотека, Инфобус која со книги ги снабдуваше пооддалечените места во општините Штип и Карбиници“, посочи Пиков.

Тој рече дека видните штипски политичари Михаил Данев, Милан Хорват и Александар Буриќ имале голем придонеле Штип да добие библиотека каква што 40 години ја има, а најголем удел во нејзиното сеопшто функционирање има Анѓел Костадинов – Кнчо, познат штипски културен работник.

Пред присутните се обрати и актуелната директорка Блага Спиридонова, која потсети дека оваа институција е отворена за сите и дека посетеноста во неа од месец во месец е се поголема.

Инаку, зградата на библиотеката се смета за ремек дело на нашата архитектура, а проектот е дело на дипл.арх. Ванда Коцева, додека изведувач бил штипски „Бетон“.

31925063_10210559108885006_8406971991667507200_n
Пиков

31949804_10210559109485021_9137327555399909376_n

Спиридонова
Спиридонова

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе