Штипскиот совет online, кочанските советници на пет метри еден од друг

Штип/Кочани, 30.04.2020

Околностите наметнати од корона вирусот ги „изместија“ општинските совети во Штип и во Кочани во однос на нивниот начин на функционирање. Наместо во салите во кои досега ги одржуваа седниците, советите на двата најголеми града во Источниот плански регион денес своите седници ги одржаа на друг начин, односно на друга локација.

Општинскиот совет на Штип својата седница ја одржа online. Eкспериментот, и покај малите технички повремени пречки, се покажа успешен. Иако е најдобро кога советниците дебатираат и си реплицираат да се гледат в очи, и овој начин се покажа дека, во зло време, може да функционира.

Советот на Општина Кочани се одлучи денешната седница да ја одржи во големата сала на Спомен домот на АСНОВ. Советниците имаа доволно место и, како што некои малку во шега повеќе како вистина рекоа, оддалеченоста еден од друг беше пет метри.

Како и да е и двата Општински совети усвоија повеќе одлуки кои овозможуваат животот во двете општини да тече нормално и во услови кои се далеку од тоа.

                                                                                                                        И.Б.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе