Штипските советници ги добија уверенијата

Штип, 01.11.2017

  • Иван Бојаџиски, најстар советник: Убеден сум дека Штип го доби најквалитетниот Општински совет во годините на независноста, и на левата и на десната страна има угледни луѓе кои оставиле личен позитивен печат во развојот на градот, на нас e големата одговорност да не ги разочараме нашите сограѓани…

 Општинската изборна комисија на општина Штип денеска, на свечен начин, во големата сала на општината, им ги врачи уверенијата на новите 23 советници во  Советот на општината. Конструкцијата на новиот Совет кој има мандат за наредните четири години е 12:11 советници во полза на СДСМ и коалицијата.

Сенка Андреева, претседателка на Општинската изборна комисија рече дека и покрај големите притисоци и тешкоти на кои наидувале во својата работа, тие успеале квалитетно да одговорат на обврската. Во името на ОИК Андреева ги поздрави новите советници и ја изрази надежта дека тие ќе работат за доброто на Штип и на штипјани.

Во името на новиот советнички состав се обрати најстариот советник Иван Бојаџиски. Тој и се заблагодари на ОИК за тешката и исклучително одговорна, а во исто време беспрекорно извршена задача, и им порача на граѓаните на Штип дека овој советнички состав има капацитет да работи на остварување на идеалите на градот-регионален центар и да ги реализира очекувањата на граѓаните.

Советниците од СДСМ и коалицијата кои имаат мнозинство во Општинскиот совет
Советниците од СДСМ и коалицијата кои имаат мнозинство во Општинскиот совет

„И во двете советнички групи има квалитетни личности, добро познати на штипјани, советници кои со својата работа оставиле позитивен печат на лицето на нашиот град. Поради тој факт убеден сум дека сите советници, и од советничкото мнозинство и оние кои се во малцинство, ќе носат одлуки кои ќе значат остварување на барањата и потребите на штипјани. Тоа е неопходно за Штип да си ја врати својата доминантна позиција на регионален економски, урбан, здравствен, образовен, културен и спортски центар на Источниот регион“, рече Бојаџиски. Тој им се заблагодари на граѓаните за нивниот избор на последните локални избори кога одлучија општинската власт да ја доверат на СДСМ и коалицијата.

По убавата церемонија на предавањето на уверенијата советниците направија заедничка фотографија која ќе остане во аналите на богатата политичка историја на градот.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе