Штипјани со силна поддршка на децата со посебни потреби

Штип, 24.04.2017

За само три часа над 1.000 граѓани на Штип го дадоа својот потпис за измена на Законот за деца со посебни потреби. На градскиот плоштад, во две книги, голем број граѓани на градот под Исарот, со своите постписи, се придружија на родителите кои имаат деца со посебни потреби, со цел да се донесат измени во законите за нив.

DSC_2876           „Овие деца го заслужуваат нашето внимание, заслужуваат посебен третман од државата кој ќе се регулира со закон кој ќе им помогне полесно да пловат низ животот. Не се двоумев, дојдов и го дадов својот потпис за измена на Законот за деца со посебни потреби“, ни изјави младата Слободанка Андонова.

Акција тргна од главниот град на државата. Синоќа, во „Жена парк“, родители на деца со посебни потреби поставија шатори и во нив ја поминаа ноќта. Изутринава од 10 часот, во Скопје и во повеќе други градови започна акцијата за собирање на 10.000 потписи за барањето на родителите и граѓаните да може да влезе во собраниска процедура.

Во Штип, на Градскиот плоштад, потписи ќе се собираат до 18 часот. Потребно е да се понесе лична карта.

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе