Штипјанката Афродита Николова  на светски поетски подиуми

 

Афродита Николовска
Афродита Николовска

Штипјанката  Афродита Николова од Штип, која пред неколку години ја доби Гејтс Кембриџ стипендијата, на почетокот од месецов учествуваше на меѓународниот фестивал за говорен збор и изведувана поезија „Вокал“ во Малме, Шведска.

Младата Николова имаше забележителен настап и на панел дискусијата, а настапот и беше заедно со  шведскиот поет Нино Мик од и со Сара Рамин од Норвешка.

„Зборувавме за иднината и тековите на поетскиот слем и изведуваната поезија на нашите простори, односно во Шведска, Норвешка и Македонија. Дебатиравме за  можностите за маргинализирани лица и жени да се вклучат во оваа поетска сцена. Ова е од особено значење зашто овој месец излегува во печат првата антологија на слем поезија во Македонија уредена од поетесата Елена Пренџова во издание на Матица Македонска“, вели Николова.

За две недели нашата поетеса патува во Лувен, Белгија од каде доби  покана да учествува во програмата за Европскиот поетски слем шампионат и фестивал, каде заедно со двајца поети изведувачи Данте Аларидо од Шпанија и Јухо Куус ќе држат креативни работилници за изведувана поезија со млади во малолетнички поправен дом.

„Ова е особено важно за позитивната улога на изведувана поезија во образованието и рехабилитација на млади, кое е, меѓу другото, и темата на моите докторски студии. Посветено работам тоа да го развијам кај нас во Македонија“, вели за „Исток пресс“ Афродита Николова.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе