ШТИП: Адиент и Пакомак донираа еко парк

Штип, 19.10.2018

Денеска во населбата Сењак 4 во Штип, беше отворен еко парк. Се работи за донација од страна на две фирми, Адиент и Пакомак во вредност од 240.000 денари. Овие пари се искористени за набавка на клупи, детски лулашки, корпи за отпадоци и други реквизити за забава и игра на најмалите.

DSC_0177 Присуствуваме на убав настан на мое и, верувам, на задовоство на задоволство на сите граѓани. Имавме едно игралиште коешто беше заборавено, а еве денеска,  благодарение на општествено одговорните фирми Адиент и Пакомак во соработка со Општина Штип поставени се неколку клупи, детски лулашки, корпи за отпадоци, засадени се неколку дрвца ѐа сето тоа да им користи на граѓаните и на дечињата кои живеат овде,рече градоначалникот Благој Бочварски.

Актуелната локална власт и градоначалникот Бочварски се во постојан контакт со многу општествено одговорни компании кои често излегуваат во пресрет на Општината и на граѓаните и придонесуваат за разубавување и урбанизирање на нашиот град.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе