ШТИП: Браво за идејата на Клиничка Болница на посебен начин да се грижи за здравјето на спортистите

Штип, 13.12.2019

Одлична идеја на Клиничката болница во Штип чие раководство реши на посебен начин да се погрижи за контрола на здравјето на младите спортисти.

Имено, денес на Одделот за кардиологија беа извршени бесплатни прегледи на триесеттина млади борачи на БК Балканец кои се иднината на штипското и македонско борење.

kb01-На нашиот оддел извршивме бесплатни кардиоваскуларни проценки на здравствената состојба на младите борачи на БК Балканец. На околу 50 борачи кои напорно тренираат за да остварат добри спортски резултати им даваме кардиоваскуларни проценки за понатамошно активно бавење со спортот кој тие самите си го избрале, информира д-р Сашко Николов, интервентен кардиолог од одделот за кардиологија при Штипската клиничка болница која е од регионален карактер.

Според д-р Николов, ќе продолжи и во иднина взаемното делување на медицинските установи со другите спортски здруженија, а се со цел да се сочува здравјето на младите спортисти и со тоа да се делува на подобрување на квалитетот на спортот во Штип и во регионот.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе