Штип: браќата Наскови ја надминаа стотката, дали се најстарите жители во регионот?

Штип, 19.06.2022

Здружението на пензионери Штип, во рамките на своите редовни активности, направи интересно истражување за тоа дали е поместена старосната граница на пензионерите во општина Штип. Истражувајки ја оваа тема, ЗП Штип,дојде до интересн податок. Имено според сознанијата на пензионерската организација за Штип и Карбинци, во населба Стар Караорман денес живеат најстарите пензионери во штипска општина, а можеби и пошироко.

287288233_1121187198435955_7677636761360082349_nТоа се браката Наскови кои веќе одамна ја надминаа стотата година од својот животен век.

-Сакавме да дознаеме повеќе за нив,за причината на нивната долговечност која можеби лежи во генот,водењето умерен живот,или пак во напорната физичка работа во текот на целиот живот.Така нашата љубопитност вроди со идеја да ги посетиме во нивниот дом и самите да ја раскажат својата животна приказна.

292101619_734009264489983_6661368330028946541_nИ се случи -19 јули 2022година лето убав топол сончев ден,мала екипа од ЗП Штип со пригодни подароци ги посети браката Наскови во нивниот дом.

Помладиот Ристо го затекнавме како работи во својот пластеник. Кога не виде ја остави мотиката, и ни посака пријатно добредојде.Кога му ја кажавме намерата на нашата посета беше уште попријатно изненаден и заедно со него отидовме кај неговиот постар брат Симеон кој веќе одмараше во куќата, а кој е роден на 03.06.1920 година, а неговиот брат Ристо е роден 1923 година.

Разговорот почна спонтано да тече и тие ни ги раскажааа своите животни приказни.  Браќата рекоа дека имале и сестра која исто така ја надминала стотата година од својот живот.Од ова бевме изненадени бидејки корените и стеблото на семејството Наскови се своевиден феномен за долговечност на животот ,а ни појаснија и дека и во овие години здравјето се уште ги служи и не се секаваат кога последен пат биле на лекар.

Ни појаснија дека својот пензионерски живот го започнале по завршување на работниот век во ТК Македонка и некаде во осумдесетите години од минатиот век станале пензионери до ден денес.Посакаа секој пензионер да си дочека длабока старост.

Ние им посакавме уште многу години да ги дуваат свеките на нивните родендени со желба наредната година пак да се видиме, напишаа на фб од штипското Здружение на пензионери.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе