ШТИП: Буџетот за 2020 –991,5 милиони денари, побогат за 8 проценти

Штип, 27.12.2019

На вчерашната седница на Советот на Општина Штип е усвоен буџетот заа 2020 година.

Спореед известителот Трајче Цветков, Општина Штип во 2020 година ќе има буџет од 991,5 милион денари, или 16,1 милион евра.

Овој буџет ќе биде побогат од буџетот за 2019 година за осум проценти.

Основниот буџет тежи – 438 милиони денари

Блок дотациите се во висина од – 470,5 милиони денари

Од самофинансирачки дејности – 64 милиони денари и

Од донации – 19 милиони денари.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе