ШТИП: Величествена конвенција на коалицијата предводена од СДСМ

Штип, 01.10.2017

  • БОЧВАРСКИ: Штип ќе стане урбан град, метропола и раскрсница на Источна Македонија, град во кој ќе креираме капитални проекти и ќе го вратиме духот на младоста..

„Ме совладуваат емоциите.Вака исполнета сала во која нема каде игла да падне ме потсетува на најубавите денови на Макфест. Штип се враќа во нормалата, Штип пак ќе биде град чие име ќе се изговара со респект“. (Стојан Троицки, легендарен директор на Макфест).

22046843_478935959135560_4297381778563334230_n„Ви го нудиме најдоброто од Штип. Како иден градоначалник, како иден Совет на општината. Благој Бочварски е понуда која не може да се одбие. Млад , образован, динамичен, човечен, интелигентен, начитан со прекрасна програма   за Штип од нашите соништа. Советничка листа е спој на искуство, знаење, мудрост, младост, нова енергија, нови идеи…Тоа на Штип му го нудиме за одново да станеме град кој ќе биде респектиран од сите“. (Д-р Ален Георгиев, носител на советничката листа).

22090000_478935855802237_8779457899303055003_n„Оваа слика е прекрасна. Штип се враќа во своите најубави денови, месеци и години. Убеден сум дека со оваа понуда во која еден млад човек од профилот на Благој Бочварски, кој како дипломиран архитект знае што му треба и што му личи а што не му личи на еден регионален центар, ќе биде наш градоначалник, а овие луѓе, дел мудри и со големо животно искуство, дел млади кои само ќе си ја профилираат иднината ќе бидат нашиот Општински Совет. Пред Штип одново е убава иднина“. (Трајчо Спасов, прв претседател на Општина Штип во независна Македонија)

„За вработување во театарот ми побараа партиска книшка. Им реков – благодарам и си заминав за Скопје. Така овие кои денес раководат со Штип се однесуваа кон младите кадри како иднина на градот. Такво нешто не смее да се повтори, и затоа тие ќе си заминат во историјата“. (Сања Арсовска, актерка во Драмски театар Скопје).

Ова се само мали акценти од `значајни луѓе на Штип кои имаа прилика да говорат на Конвенцијата на коалицијата предводена од СДСМ. Конвенцијата се одржа синоќа во големата сала на Домот на културата „Ацо Шопов“ во кој немаше каде игла да падне. На истата присуствуваа и министерот во МВР Оливер Спасовски и министерот за земјоделие Љупчо Николовски.

20526137_478935899135566_8851626247706024468_nПоздравен со френетични аплаузи кандидатот за градоначалник Благој Бочварски ја претстави својата програма за Штип. Посочи дека ќе се реши најкрупното прашање како што е сообраќајниот метеж во градот, ќе биде изградена, 20 километри гасификациска мрежа, градот ќе добие мултифункционален спортски центар на Суитлакот, бизнис заедницата ќе биде вклучена во дефинирање на приоритетите на општината, Штип ќе има локална самоуправа во која секој граѓанин ургентно ќе добива навремена и квалитетна услуга, наменски ќе се користата буџетските средства, ќе биде изградена брана на Отиња како 40 годишен штипски сон… За сите странски и домашни инвеститори кои ќе отворат нови работни места општината ќе обезбеди еднаква максимална поддршка и квалитетна инфраструктура, а за старите лица ќе биде реализирана програмата „Не си сам“, потврди Бочварски.

„Со еден збор Штип ќе стане урбан град, метропола и раскрсница на Источна Македонија, во кој ќе креираме капитални проекти и ќе го вратиме духот на младоста“, рече Бочварски.

Свое обраќање имаа и носителот на советничката листа д-р Ален Георгиев и министерот во МВР Оливер Спасовски.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе