ШТИП: Вечерва промоција на Маалски прикаски од Синиша Станковиќ

Штип, 20.11.2019

Вечерва во НУУБ „Гоце Делчев“ во Штип, во 18,30 часот, ќе биде промовирана книгата Маалски прикаски од новинарот Синиша Станковиќ.

Авторото ги кани сите љубители на книгата да дојдат во штипската библиотека каде промоцијата на Маалски прикаски ќе биде збогатена со македонски музички евергрини и со презентација на фотографии.

Книгата ќе ја промовира новинарот Столе Наумов кој ќе биде и во улогата на домаќин на настанот. Делови од книгата ќе чита актерот од младата македонска актерска генерација Марјан Наумов, а за музиката во живо задолжени се младите таленти од ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ .

Уште еднаш да назначиме: Штип, библиотека „Гоце Делчев“, 18:30 часот.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе