ШТИП: ВМРО ДПМНЕ бара да прекинат со работа текстилните и кожарските фабрики

Штип, 16.03.2020

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ денес излезе со барање Владата да донесе итна одлука со која времено ќе престанат со работа конфекциите и другите текстилни фабрики во Штип како и кожарските капацитети. Такво нешто од партијата бараат Општина Штип да иницира ваков предлог до Владата.

-Текстилно – кожарската индустрија како доминантен индустриски сектор во Општина Штип со над 8.000 вработени заслужува посебно внимание и антикризни мерки. Со оглед на природата на работата, работните услови кои предвидуваат и по 300 луѓе во една просторија на минимално растојание и превоз во спротивност на препораките за заштита, овие компании може да се претворат во вистинско жариште, се вели во ставот на оваа партија.

Од ВМРО ДПМНЕ бараат Општина Штип итно да иницира до Владата на Република Македонија преземање на антикризни мерки кои ќе се однесуваат конкретно на овој сектор и ќе ги заштитат заедно и работниците, и на работодавачите.

-ВМРО ДПМНЕ како политичка партија веќе предложи низа на антикризни мерки за финансиска поддршка на компаниите како истите би успеале да ги одржат своите бизниси во овој критичен период.Тие се познати на јавноста и предлагаме истите да бидат прифатени. Од суштинско значење во овој период е текстилните фабрики времено да престанат со работа и вработените во целост да бидат заштитени, или во ургентни случаи работата да биде реорганизирана во повеќе смени во помали групи, просторна оддалеченост на вработените и соодветен транспорт во помали групи, бараат од оваа партија.

Одтаму велат дека само сплотено и заеднички со навремени мерки треба да се спречи ескалација на состојбата со вирусот и евентуален колапс на најголемите носители на вработеноста во регионот. (и.б.)

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе