ШТИП: ВМРО против рингишипил, Бочварски вели – „се е ОК“

Штип, 06.09.2019

Опозициската ВМРО ДПМНЕ  денес упати нов удар врз штипскиот градоначалник Бочварски и локалната власт предводена од СДСМ.

-Единствената зелена провршина во градот, онаму каде што Штипјани спортуваат и рекреираат, е узурпирана од содржини, кои негативно ќе влијаат врз животот на граѓаните. Неспособноста на локалната власт се гледа од ден на ден. Истата, наместо да се грижи за она што веќе е направено, таа го уништува и последното убаво нешто во нашиот град.

Патеката веќе долг период тоне во немарноста на општината. Граѓаните постојано реаѓираат на отпадот и високите треви, меѓутоа не само што нема слух од надлежните институции, туку тие дополнително ја влошуваат и така очајната состојба. Го повикуваме Градоначалникот да реагира и да ја исправи веќе направената штета на зелената површина на патеката покрај реката Брегалница, изјавија од опозициската партија.

На одговор не се чекаше долго. Неполн час по пресот на ВМРО ДПМНЕ се јавија од кабинетот на градоначалникот:

-Одредените локации за поставување на забавни содржини за граѓаните се одредени во близина на местото за одржување на настанот „Пастрамалијада 2019“ во населбата Осми Ноември, а исто така како дополнителна локација за поставување на вакви содржини е и локацијата во Ново Село. Поставувањето на овие содржини претходно беше во непосредна близина на градскиот базен, но поради сомнителна продажба на истиот далеку од очите на јавноста, ова место е во приватна сопственост и не е дозволено поставување на вакви содржини таму.

По истекот на рокот за користење на овој простор и по отстранување на овие забавни содржини, ЈП „Исар“ ќе се погрижи за уредување на овие локации, изјавија од кабинетот на Бочварски.

За неупатените, предмет на спор овојпат е временото поставување на рингишпил за забава на децата во близина на пешачката патека покрај реката Брегалница.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе