ШТИП: Врачен орденот и признанијата „Свети Никола“

Штип, 19.12.2019

Синоќа во црквата „Свети Никола“ во Штип свечено беа врачени орденот и признанијата на заслужни граѓани на овој град.  Орденот и признанијата го носат името на светецот „Свети Никола“.

Орденот “Свети Никола” постхумно му е доделен на Никола Кљусев, првиот премиер на експертската Влада во независна Република Македонија.

Признанијата „Свети Никола“ им беа врачени на касарната ,,Јане Сандански’’ , на Стојан Троицки, еден од основоположниците на фестивалот на забавна музика ,,Макфест’’, на Лилјана Крстевска, дипломиран социјален работник со 40-годишно работно искуство од областа на работата со маргинализирани групи и претседателка на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“.

Орденот и признинијата на добитниците им ги врачи градоначалникот Благој Бочварски.

-Ние сме должни да ја сочуваме оставштината од нашата историја, да и оддадеме почит и да ја промовираме како наша најголема историска вредност.

Јас ќе продолжам и понатаму да оддавам почит на вистинските вредности и на нашите историски заслужни сограѓани, рече Бочварски.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе