ШТИП: в.д. градоначалникот Јане Миланов им го врачи признанието „8 Ноември“ на годинашниве лауреати

Штип, 08.11.2020

Штип денес го одбележа  8 Ноември, денот на солободувањето. Во услови на корона вирус, прославата беше скромна и се одржа во кабинетот на в.д.градоначалникот Јане Миланов, каде на годинашниве добитници им беа врачени признанијата за нивниот придонес за угледот на Штип во едни пошироки рамки.

-Овој ден е повод да се потсетиме и да им оддадеме почит на сите борци, херои кои ја извојуваа слободата на Штип, но истовремено 8 Ноември е и повод да им оддадеме признание на заслужните граѓани и институции кои со своето дело оставаат траен белег и даваат голем придонес за градот и пошироко, рече в.д. градоначалникот Јане Миланов на свечената седница на Советот на Општина Штип која ја водеше претседателката Маријана Рогожарска-Поповска, а која седница одеше онлајн и граѓаните можеа  да ја следат на зум платформа.

Потоа Миланов им ги врачи призанијата „8 Ноември“ на:

Проф. д-р Трајче Стојанов, професор на УГД за неговиот капитален придонес во сферата на науката;

Елена Голомеова, оперска пејачка која живее и работи во оперите во Ница и Париз во Франција, за нејзиниот придонес за угледот на Штип преку оперското пеење;

Инфективното одделение при Клиничка болница-Штип за самопрегорната работа 24/7 во време и услови на големата Ковид здравствена криза, и на

Територијалната противпожарна единица за 100 години од постоењето и успешната работа…

Сите лауреати со бирани зборови се заблагодарија на признанието.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе