ШТИП: Гимназијата во чест на народниот херој Славчо Стојменски

Штип, 25.10.2019

На денешен ден пред 98 години во Штип е роден народниот херој Славчо Стојменски. Штипската гимназија која го носи името на херојот секоја година му оддава почит за неговото големо револуционерно дело.

Така беше и денес. Гимназијалците излегоа пред бистата на Славчо Стојменски во алејата на народните херои за да го одбележат својот патронен празник и со пригодна културно-уметничка програма да му се заблагодарат на херојот за тоа што го даде својот млад живо за нашата слобода.

q2_800x597Хорот на гимназијата испеа неколку песни почнувајќи со химната и продолжувајќи со познатата борбена партизанска македонска песна „Во борба, во борба, во борба македонски народе“. Ученици читаа револуционерна поезија и сето тоа под диригентската палка на професор Дејан Илиев.

Директорот на гимназијата Ристе Петковски со соработниц положи свежо цвеќе на бистата на Славчо Стојменски.

Славчо Стојменски е роден 1921 година во Штип, во сиромашно семејство. Основно училиште и гимназија завршува во родниот град. Поради тоа што бил одличен ученик, неговото семејство успеало со големи напори да му обезбеди школување.

Неговото политичко формирање поврзано е со неговото дружење со Ванчо Прке. Двајцата се вклучиле во напредно младинско движење. Таму читале марксистичка литература и се собирале на состаноци. Уште како ученик, Славчо и бил познат на полицијата. Повеќе пати бил прозиван во полиција и советуван да се откаже од револуционерните работи. Меѓутоа, тој и понатаму учествувал во работничкото движење и се формирал како комунист.

Загинал во 1943 година во нерамноправна борба со бугарскиот фашистички окупатор.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе