ШТИП: Гимназијата „Славчо Стојменски“ се обновува со 6,8 милиони денари

Штип, 15.02.2021

Проектот за комплетна обнова на СОУ „Славчо Стојменски“ (гимназија) Штип започна во месец декември, минатата година. Директорото Тамер Јамаковски информира дека по донесениот ребаланс на буџетот на Општина Штип и завршените тендерски постапки се започнало со реализација на проектот.

-„Го менуваме паркетот во повеќето училници и други простории, а целокупната постапка ќе трае до месец март, годинава, ги сменивме сите прозорци на училиштето, а ако временските прилики не послужат специјална гумирана подлога ќе поставиме на дворот во кој е кошаркарското игралипте, вели Јамаковски.

Денес градоначалникот д-р Сашко Николов беше во посета на гимназијата каде на лице место се увери во работите во кои се вложени пари од Општинскиот буџет.

-Оваа година во СОУ ” Славчо Стојменски ” од буџетот на Општина Штип се вложени 6,8 милиони денари, од кои за реконструкција на спортското игралиште во склопот на училиштето се инвестирани 2,8 милиони денари, рече Николов.

Градоначалникот уште информира дека за набавка на наставно образовни помагала се обезбедени 1,4 милиони денари, со што училиштето е обезбедено за дигитален вид на настава.

-Извршена е демонтажа на дотраена подна површина на 12 училници е поставен нов ламинат за што општината обезбеди 1.230.000 денари. Набавени се и монтирани нови прозорци со што целото училиште е обновено заради поголема енергетска ефикасност. Оваа инвестиција е во висина од 341.000,00 денари, појасни градоначалникот.

Николов уште потенцира дека во сите штипски училишта се променети старите неонски светилки и се поставени нови лед диоди и лед панели со штедливост до 50 проценти за разлика од претходните неонски светили, а инвестицијата е во висина од 565.160 денари. Набавен е и нов мебел во висина од 100.000 денари, а исто така е обновено и библиотечниот фонд со 300 нови примероци на лектири и дела во висина од 90.000 денари.

-Со овие инвестиции значително ќе се подобрат условите за учење на учениците и престој на наставниот кадар, коментира градоначалникот Николов..

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе