ШТИП: Големо браво за Горанче Ивановски кој својата вода им ја дава и на жителите на Никоман

Штип, 10.06.2020

Никоман е последното село во Општина Штип кое нема водовод, а вода нема ниту на селската чешма од која селаните се снабдуваат со животната течност. Поголем број домаќинства имаат избушено бунари кои поради сушните години останаа без вода.

Горанчо Ивановски, жител на Штип кој потекнува од оваа село направи голем хуман гест со одлуката од својот бунар во кој има доволни количини вода да обезбеди вода и за селската чешма која тој на своја инцијатива ќе ја обнови.

За да се случи тоа потребно е селото да добие пластично црево во должина од 800 метри кое би ги поврзало бунарот на Ивановски и селската чешма.

Советот на Општина Штип се приклучи кон хуманиот гест на Ивановски со едногласната одлука донесена на денешната онлајн седница на Никоман да му одобри сума од бараните 40.000 денари за овој потфат. Овие пари се доволни за да се купи цревото за довод на водата.

-И мојот стар бунар пресуши па со булдожери ископав нов длабок само пет метри но во него има вода и за мене и за селото. Водата е нешто кое ако го имаш повеќе отколку што ти е потребно треба да го споделиш со друг, што јас и сакам да го направам, ни рече Ивановски.

Никоманчани се договориле сами да го ископат каналот во кој ЈП Исар ќе го постави цревото и ќе ги изврши сите стручни работи за поврзување на бунарот на Ивановски со селската чешма.

Инаку Никоман е село кое според пописот од 2002 година има само 4 жители, се наоѓа на 12 километри од Штип. Преку викенд во селото доаѓаат по околу дваесеттина лица кои се родени тука, а живеат во Штип кои имаат пчели, овци, крави и нешто малку земја..

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе