Штип го укина платениот паркинг во Автокоманда и на други места

Штип, 06.02.2018

Во една од „најживите“ штипски урбани заедница Автокоманда од денес нема да се наплатува паркингот. И во централното градско подрачје на улиците „Љубен Иванов“ и „Борко Талев“ се укинуваат паркинг местата, а со тоа и наплатата за паркирање.

slika parkinzi sutjeska„Ова е уште едно реализирано наше предизборно ветување. Одлуката е донесена на последната седница на Советот на општината и на овие делови од градот повеќе нема да се наплатува за паркингот“, изјави градоначалникот Благој Бочварски.

Во Автокоманда се укинува наплата на паркинг на улиците „Козјак планина“ и „Митко Соколов“, а паркинг местата на овие улици остануваат во функција.

Се работи за една мерка со којашто локалната власт сака да го растовари домашниот буџет на граѓаните, бидејќи смета дека во овој дел од градот не е потребно да се наплаќа за паркинг простор.

„Зборот е збор. Граѓаните ми ја доверија одговорната функција градоначалник на Општина Штип, а јас за возврат секојдневно интензивно работам на исполнување на дадените ветувања“, потенцира Бочварски.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе