ШТИП го чествуваше бранителското дело на Двојаковски и Петров

Штип, 03.05.2019

Штип денес им оддаде почест на македонските браните Димитар Двојаковски и Влатко Перов кои ги загубија животите во одбрана на татковината за време на воениот конфликт во 2001 година. Двојаковски загина на 29 годишна возраст, а Петров на 24 годишна возраст.

A00_800x600Семејствата на загинатите бранители Двојаковски и Петров, Советот на општина Штип, на касарната „Јане Сандански“, на Боречката организација, на библиотеката „Гоце Делчев“ и претставник на градоначалникот Благој Бочварски кој оправдано беше отсутен, положија свежо цвеќе на споменикот на бранителите во Кртеќе.

A01_447x600„Нивните имиња остануваат запишани на светлата страница од поновата историја на нашата држава, зашто тие го дадоа своите млади животи за нашата слобода“, рече во краткото обраќање Биљана Казанџиска од локалната самоуправа.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе