Штип го чествуваше Славчо Стојменски, градоначалникот го игнорираше настанот

Штип, 17.08.2017

  • Спикерот најави: Прв цвеќе ќе положи градоначалникот…Наместо Илчо Захариев во функција на повиканиот излегоа две вработени во локалната самоуправа. Илчо продолжува да ги игнорира настаните од НОБ…

Штип денес го чествуваше денот кога на 17 август 1943 беше убиен народниот херој Славчо Стојменски. Чествувањето беше во организација на Сојузот на борците од Штип, а целата преубава програма беше осмислена во инвентивната лабораторија на гимназијата која го носи името на херојот. Настанот се одвиваше во Алејата на народните херои пред Домот на култура „Ацо Шопов“ и по подолго време на истиот присуствуваа многу граѓани.

 Хорот при гимназијата „Славчо Стојменски“ исполни низа родољубиви песни
Хорот при гимназијата „Славчо Стојменски“ исполни низа родољубиви песни

-Славчо Стојменски имаше само 22 години кога го напушти овој свет, но тој што го остава животот на олтарот на слободата никогаш не умира. Беше борец, револуционер, силно посветен на идеалите за слободна Македонија во слободен свет. Тој е еден од оние синови на Татковината кои ги роди и израсна нашата Македонија за да го подарат својот живот за слобода на човештвото. Херојот загина во нерамноправна битка со бугарскиот окупатор“, рече Сашко Богатинов, професор во Гимназијата.

Делегација на СДСМ положи свежо цвеќе на бистата на херојот
Пратеникот Благој Бочварски со делегација на СДСМ, во име на Партијата, положи свежо цвеќе на бистата на херојот

Славчо Стојменски за народен херој е прогласен во 1953 година.

-Околу педесет генерации од штипската гимназија во себе го носат името на патронот на училиштето во кое матурант од генерацијата 1941 година беше Славчо Стојменски. Учениците од Гимназијата инспирирани од неговото слободарско дело испеале безброј стихови за херојот. Неговиот живот и неговото дело се достојни за секаква почит, што ние денес го правиме и со овој чин, рече професорот Богатинов. Хорот при Гимназијата ја испеа македонската химна и низа родољубиви песни.

Делагација на гимназијата во која во 1941 година матурираше Стојменски полага свежо цвеќе пред неговата биста
Делагација на гимназијата во која во 1941 година матурираше Стојменски полага свежо цвеќе пред неговата биста

Цвеќе на споменикот на Стојменски положија делегациите на АРМ, на Боречката организација, на СДСМ предводена од пратеникот и најверојатен кандидат за градоначалник на Штип Благој Бочварски, на Гимназијата и на локалната самоуправа.  Прв за полагање свежо цвеќе беше повикан градоначалникот Илчо Захариев, но него го немаше на настанот па цвеќе во негово име положија две вработени во локалната самоуправа. Присутни коментираа дека Захариев продолжува да ги негира важните настани од НОБ.

Делгација на АРМ со војнички поздрав се поклони пред херојот
Делгација на АРМ со војнички поздрав се поклони пред херојот

 

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе