ШТИП: Градот од сите страни поврзан со современи патишта за кои Владатз издвои 96 милиони евра

Штип, 02.07.2020

Штип, регионален образовен, економски, културен, спортски, и секаков друг центар, град на бројни жители од пионери до пензионери, во последните три години се поврзува со „Остатокот од светот“ на најквалитетен можен начин, а согласно финансиските можности на нашата држава. Како никогаш досега, Владата предводена од Зоран Заев, од државниот буџет издвои над 96 милиони евра само за патишта кои согласно квалитетот на градбата можат да се наречат европски. Во исто време и локалната власт, дел со свои дел со државни пари, гради нови капацитети од јавен интерес кои животот во градот го чинат полесен, поудобен, попривлечен.

Но, да видиме како погоре кажаното го потврдуваат аргументите.

Доизградбата на автопатото Миладиновци-Свети Николе-Штип е финансирана со 47 милиони евра. За изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш, а кој се предвидува да биде готов до крајот на идната година што е цела година пред крајниот рок, од државниот буџет се обезбедени 27,2 милиони евра. Дополнителни 19,2 милиони евра се инвестираат во делницата Штип-Крупиште од експресниот пат Штип-Кочани, а уште 2,4 милиони евра се вложени во регионалниот пат Штип-Радовиш.

Од отворањето на новиот мост на Брегалница
Од отворањето на новиот мост на Брегалница

По пауза од близу триесет години Штип доби нова детска градинка. Лоцирана е во населбата „Сењак“ во која живеат најголем број млади семејства. Во градинката има место за 200 деца со што Штип станува првиот град во државата кој целосно го има решено прашањето со сместување на децата во градинки. Toa значи дека целосно е реализиравме еден од најважните капитални објекти кои локалната власт ги беше ветила во предизборието. Проектот изнесува околу 1 милион евра, а 70 проценти од тие средства се обезбедени од буџетот на Општина Штип.

По пауза од 60 години, изграден е нов мост на реката Брегалница, што е инвестиција од 950.000 евра заедно со целата обиколница. Новиот мост на река Брегалница воспоставува директна врска помеѓу населбите Пребег и Сењак, но исто така и го поврзува претежно индустрискиот дел од градот со оној дел на Штип кој е претежно наменет за домување. Новиот мост овозможува поумешно сообраќајно менаџирање, сериозно растоварување на сообраќајот. Тоа веќе го чувствуваат граѓаните, кои заштедуваат драгоцено време при враќање во своите домовите од работните места, особено за време на „шпицот“ во сообраќајот кој настанува секое утро и секое попладне, околу 15:30 часот. Оваа нова динамика и раздвижување во градот ќе биде од корист на сите.

Штип се развива забрзано дел со свои, дел со државни пари. Во изминатите три години градот стана еден мошне жив, динамичен, развоен организам во кој се обезбедуваат нови содржини достојни за живот во град-регионален центар.

Во пределот Суитлак напредува изградбата на затворениот базен како важен дел од спортско рекреативниот центар, прв од ваков тип во Штип. Овој базен ќе служи на учениците и на граѓаните на Штип. Инвестицијата чини над 600.000 евра.

Веќе е договорено со ФФМ за преобразба на Градскиот стадион. Тој добива комплетно нова трибина во вредност од над 1,5 милиони евра. Проектот за новиот стадион го изработи Општина Штип, веќе е доставен во ФФМ, а федерацијата ќе ја разгледа целата техничка документација, ќе даде свои сугестии, а потоа општината ќе издаде одобрение за градба. По завршувањето на изградбата, Општина Штип ќе започне изградба на втората трибина на новиот фудбалски храм на штипјани. Во наредниот период општината ќе ги преземеме сите обврски за отстранување на постоечката трибина од Градскиот стадион. Ова се важни чекори кои ги превзема градската управа, чекори кои ќе придонесат за сериозен раст и развој на спортот во Штип, како еден модерен фудбалски град кој ќе биде пример за успешна спортска приказна во државата и надвор од неа.

Со платформа за паркинг во строгиот центар на градот се обезбедени 40 нови паркинг места, со што се решава горлив проблем за сите жители на Штип, на кои сега им е полесно да најдат паркинг во централното градско подрачје. Во моментото е започната изградбата на нова паркинг платформа  број 2 со капацитет од 40 паркинг места кај здравствениот дом „Панче Караѓозов“. Оваа паркинг платформа е со вредност од 18.000.000 денари од кои половина се од Министерството за локална самоуправа, а другата половина од Општина Штип.

За првпат во историјата на своето постоење населбата Балканска годинава доби водовод. На вакво нешто жителите чекаа цели три децении, а оваа локална власт го реши проблемот на 600 жители кои живеат таму. Оваа инвестиција чини околу 360.000 евра.

Се гради Штип но не се забораваат ниту селата. Изградбата на локалниот пат Шашаварлија – Кошево – Почивало чини околу 500.000 евра од кои 380.000 евра се од државата, а останатите од Општина Штип.

И браната на Отиња ќе ја биде. Општината помина уште еден важен чекор во проектот за браната, а тоа е последниот документ кој е добиен, а тоа е позитивното мислење од Институт за земјотресно инжинерство и инжинерска сеизмологија (ИЗИИС). Во моментот се чека и последниот чекор пред распишување на постапка за изградба брана, а тоа е одобрение за градење од страна на Министерство за транспорт и врски. Само проектот чини 7,5 милиони денари кои ги обезбеди Владата.

Штип, во овој мандат на локалната власт ја покрена идејата за Град на солидарноста. Формиран е Солидарен фонд, избран е Управен одбор на фондот на чие чело по функција е градоначалникот Благој Бочварски, а со начинот на прибирање средства во фондот јавноста ќе биде запозната веднаш по предвремените парламентарни избори. Со овој чин Штип си враќа една од своите светости, а тоа е солидарноста по која беше познат во бившата држава како втор град после Марибор-Словенија.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе