Штип дефицитарен, се бараат предлози за имиња на улици

Штип,01.02.2018

Штип на листата за можни имиња на улици има само десет предлози. Во град во кој последниве години се пробиваа улици, се прошируваа населби како Дузлак, Сењак, Баби, Железничка, Македонка, Блканска и други нема баш некои добри идеи за имиња на заслужни граѓани и историски датуми на Штип но и на Македонија кои би можеле да бидат имиња и на улици.

Овој проблем беше истакнат на последната седница на Советот на општина Штип. На оваа седница локалниот парламен го прифати предлогот една нова улица во населбата Дузлак да се вика „Македонски бранители“. Според Соња Китанова, секретар на општината, на спомнатата улица е предвидена изградба на 83 индивидуални куќи

„Ова име е на листата на можни имиња на улици во Штип. Сепак, сериозно е намален бројот на имиња кои се на оваа листа поради што е неопходно да се дадат нови предлози. Таа листа ја имаме од 2008 година и за неа е добиена согласност од Владата и е неопходно истата да се прошири“, рече Китанова

Советот ја прифати оваа сугестија па сега се очекува Советот на општината,  политичките партии и релевантни институции, здруженија на граѓани да дадат свои предлози кои потоа ќе одат на усогласување пред Владата.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе