ШТИП: Директорот на Клиничка болница побара за ред пред инфективно да се грижи и АРМ

Штип, 30.11.2020

Ален Ѓеорѓијев, директор на Клиничка болница Штип денес побара припадници на Армијата да има пред Инфективното одделение на болницата. Тој посочи дека

консултациите за оваа потреба ќе направи со министерот за здравство Венко Филипче.

-Сметам дека е потребно да има припадници на војската пред ова одделение, бидејќи токму пред него се создава поголема гужва и тоа пред дневната Ковид амбуланта, а таму се и тие кои чекаат тестирање, реќе Ѓеорѓијев.

Моментно на регионалниот ковид – центар, односно во Инфективното и Кожното одделение се хоспитализирани 58 пациенти, од кои 31 се на кислородна поддршка, а едно лице од Радовиш починало во болнички услови.

Инаку, во овој ковид – центар, во кој се лекуваат пациенти од целиот источен регион, бројката на хоспитализирани веќе една недела се движи од 55 до 59 пациенти

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе