ШТИП: Дувачкиот оркестар ги врати штипјани во некои стари, добри времиња

Штип, 24.05.2022

Дувачкиот оркестар при Средното музичко училиште „Сергеј Михајлов“ денес, по повод 24 мај, Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, одржа концерт кој  штипјани ги врати во некои стари, добри времиња.

M02Концертот, кој беше во организација на Центарот за култура „Ацо Шопов“, а финансиски поддржан од Министерството за куѕлтура, започна на градскиот плоштад „Слобода“ каде дувачкиот оркестар изведе неколку популарни маршеви.

Потоа оркестарот, придружуван од поголем број граѓани на Штип, а дел и од околните градови, продолжи по улицата на десниот брег од реката Отиња попатно свирејќи чекорници. Насекаде каде што имаше народ, посебно пред кафулето Даблин, млада публика која уживаше во убавиот празничен ден со голем аплауз ги поздрави членовите на оркестарот.

M01Конечно, музичкиот состав пристигна на платото пред Домот на култура „Ацо Шопов“, каде исто така имаше бројна, главно млада публика која со овации ги поздрави музичарите и диригентот Тоше Митров. И тука Дувачкиот оркестар изведе поголем број маршеви и чекорници но и популарни светски мелодии.

-Присуствуваме на прекрасен настан, овој оркестар треба да се негува, да му се овозможат најдобрите услови за работа, во него свират прекрасни музичари, Штип треба да има Градски дувачки оркестар кој почесто ќе дефилира и музицира низ градот и ќе настапува на важни историски и други датуми, изјави за istokpress.mk познатиот штипски, македонски и европски музичар Ванчо Самоников кој најголем дел од својата кариера ја помина како трубач во филхармонијата во Лозана, Швајцарија., а пензионерскиот живот го живее на релација Штип-Париз и обратно.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе