ШТИП: Европа ја покажува солидарноста со Македонија

Штип, 06.08.2021

Изутринава околу 5,30 и напладне нешто пред 12 часот во две колони од околу 25 противпожарни, најсовремени возила од Австрија поминаа покрај Штип и продолжија кон Малешевијата, најзагрозентото подрачје од пожарите во Македонија. Екипите веќе им се придружени на своите колеги од Словенија, Бугарија и Македонија што дава надеж дека големите огнови ќе бидат изгаснати. На терен се и четирите хеликопетери од соседна Србија. На овој начин Европа ја покажува својата солидарност со Македонија и македонскиот народ, исто како што светот ја покажа солидарностс во 1963 година по скопскиот земјотрес.

Тоа е резултат на активирањето на Европскиот механизам за цивилна заштита на Европската Унија.

232227145_524072325519258_3050947307365665711_nВсушност првата група од Австрија во нашата држава пристигна рано изутрина, а конвојот го сочинуваа 20 возила и 60 противпожарникари  како дел од тимовите за заштита од пожариод оваа земја. Според фб страницата на Дирекцијата за заштита и спасување, австрискиот конвој кој изутринава и напладне пристигна во нашата држава и веќе ги гасне пожарите во Малешевијата е составен од 136 лица, 16 возила, 24 камиони, амбулантно возило, 2 АТВ и девет приколки.

Конвојот беше пречекан од претставници на Дирекција за заштита и спасување на граничниот премин Табановце и веднаш беше упатен во едно од најкритичните места опфатени со пожари во источниот дел на државата, а тоа е малешевско-делчевскиот крај.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе