ШТИП: Започна изградбата на првиот Сити мол во регионот

Штип, 02.09.2020

Во реонот на поранешниот градски базен, веднаш до новиот аква парк во изградба, започна да се гради првиот Сити мол во Штип и во регионот воопшто. Расчистувањето на теренот и негова подготовка за градба започна деновиве а целиот комплекс ќе се протега на површина од 11.000 метри квадратни.

-Нашиот Сити мол ќе биде на четири ката со површина од 7.500 метри квадратни, вели Горан Јордев косопственик на фирмата „Дик Фагус“ и сопственик на Сити молот.

Горан Јордев
Горан Јордев

Јордев појаснува дека се работи за изградба на капитален објект во кој купувачите ќе можат да најдат многу работи на едно место, а во молот ќе има и забавни содржини.-„Ние сега посветено преговараме со сите странски брендови кои се посакувани и од нашите граѓани. Меѓу нив се брендови кои се присутни на македонскиот пазар но и брендови кои сега ги нема во нашата држава“, информира Јордев.

Очекувањата на инвеститорот се Сити молот да започне со работа кон крајот на 2022 година со цел да се фати сезоната есен-зима.

Локалната општинска власта на инвеситорите на Сити молот и на Аква паркот ургентно им ги обезбеди сите неопходни документи за градба, а за нивните потреби обезбеди и нова водоводна и канализациска мрежа.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе