ШТИП: За време на Ревизор струја снема во салата, публиката им даде нова енергија на актерите со светлина од мобилните

Штип, 16.11.2019

Несекојдневен настан имавме синоќа во Домот на култура „Ацо Шопов“ во Штип. Некаде во втората половина од претставата Ревизор на младите дипломирани актери од Факултетот за драмски уметности со претставата „Ревизор“снема струја, но ниту актерите ниту задоволната публика не се испаничија.

Имено, во истиот момен публиката ги стави во функција мобилните телефони и со нивната светлина ја осветли сцената. Тоа на младите, исклучително надарени актери, им даде нова енергија, ја продолжија претставата и во тој несекојдневен амбиент им приредија убаво театарско уживање на штипјани.

Не, не се работеше за никаква саботажа на претставата, зашто во тој момент струја снема во целиот град.

Младите актери ја имаа претстават ревизор во рамките на проектот „Нов културен бран“, проект финансиран од Министерството за култура. Во Ревизор играат актерите кои неодамна дипломираа на ФДУ во класата на Мими Таневска Србиновска.

Оваа претстава е играна во повеќе градови во нашата држава, а на театарскиот фестивал „Диониз“ во Хрватска тие го освоија Гран прито.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе